Свет Балкан Еди Рама во Прешево, пречекан со билборди и со знамиња

Еди Рама во Прешево, пречекан со билборди и со знамиња

Билборд со албанскиот премиер Еди Рама во Прешево

Албанскиот премиер Еди Рама денеска ќе ги посети општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа.

Мерките за безбедност се на високо ниво.

За пречекот на Рама во Прешево поставени се и билборди „Добредојде, премиере“ и фотографии со неговиот лик, пренесе српски „Блиц“.

Билбордите ги поставила Општина Прешево каде живее албанско население, а на една куќа во центарот на Прешево, на сто метри оддалечена од Домот за култура, во којшто ќе се обрати Рама, истакнато е албанското знаме со двоглав орел.