Хроника Еден загинат и четворица повредени во сообраќајка на автопатот Куманово – Скопје

Еден загинат и четворица повредени во сообраќајка на автопатот Куманово – Скопје

Автомобилот удрил во ограда и неколку пати се превртел

Жител на кумановското село Черкези го загубил животот, а четворица негови соселани се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на автопатот Куманово – Скопје, во близина на селото Романовце.

Според полициските информации, настраданот Беадин Р.(44) починал на самото место, а неговите сопатници Ф.Р.(32), А.Р.(51), А.Р.(21) и Б.Р.(27) се пренесени во кумановската болница. Поради сериозноста на повредите, Ф.Р. веднаш бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје.

Сообраќајната несреќа се случила околу 12 часот, кога автомобилот, марка „БМВ“, зад чиј волан бил Б.Р., во еден момент изгубил контрола, удрил во заштитната ограда и неколкупати се превртел на коловозот.

Полициски екипи и јавен обивнител извршиле увид на местото и работат на утврдување на причините и на околнистите во кои се случила несреќата.