Свет Балкан Еден убиен при напад на израелската амбасада во Анкара

Еден убиен при напад на израелската амбасада во Анкара

Едно лице е убиено во вооружен напад во амбасадата на Израел во Анкара, јавува турската телевизија „Хабер Турк“.

Инцидентот се случил кога две лица се обиделе да влезат во зградата, јавува НТВ.

Телевизискиот канал „Си-ен-ен Турк“ јавува дека лицата се обиделе со нож да избодат минувачи на влезот на амбасадата. Еден од напаѓачите, наводно, е убиен.

Весникот „Дејли сабах“ јавува дека истрели се слушнале пред зградата на амбасадата и оти персоналот на дипломатското претставништво веднаш бил испратен во скривница.

 

Полициски и амбулантни возила веднаш се испратени кај израелската амбасада. Властите поради инцидентот ги блокирале околните улици.