Свет Еден повреден во експлозија во Русија

Еден повреден во експлозија во Русија

Во експлозија во близина на училиште во рускиот јужен град Ростов, едно лице е повредено, соопштија денеска локалните власти.

Според последните информации, повреден е бездомник, а не работник на обезбедување, како што првично беше јавено.

– Бездомникот го пронашол пакетот на улица околу 6.30 часот по локално време и одлучил да ја провери неговата содржина. Експлозијата се случила кога сакал да вклучи батериската ламба во која бил сместен експлозивот. Раката му е целосно разнесена – изјави еден од претставниците

„РИА Новости“ наведува дека прстите му се целосно разнесени, а добил и повреди на стомакот.

Училиштето ја откажа наставата, а областа е евакуирана.