Македонија ДЗС: Попишани речиси 1,7 милиони лица во земјава и 200.000 од дијаспората

ДЗС: Попишани речиси 1,7 милиони лица во земјава и 200.000 од дијаспората

Извор: ДЗС

Заклучно со вчерашниот ден до 20 часот, во земјава биле попишани 1.695.549 лица, 526.605 домаќинства и 752.916 станови, информираат од Државниот завод за статистика. Дополнително, преку апликацијата за самопопишување на дијаспората, до утрово во 7:30 часот самопопишани биле 199.819 лица кои се наоѓаат во странство.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава е при самиот крај. Покрај денешниот ден, попишувачите и граѓаните ги имаат 29 и 30 септември за да ја завршат својата обврска за попишување.

Освен тоа што граѓаните можат да бидат попишани во своите домови, за оние лица кои не успеале да се сретнат со попишувачите, Државниот завод за статистика отвори пунктови во општините, каде граѓаните ќе можат да отидат за да се попишат.