Македонија ДЗС: До вчера вечер се попишани 1.132.484 лица во земјава

ДЗС: До вчера вечер се попишани 1.132.484 лица во земјава

Извор на фотографија: Министерство за правда

Државниот завод за статистика (ДЗС) информира дека заклучно со вчерашниот ден до 20 часот во земјава биле попишани 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови.

Преку апликацијата за самопопишување на лица во странство досега се самопопишале 193.742 лица од дијаспората.

Инаку, пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија официјално започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември.