Свет Европа Двокатен автобус удри во продавница во Лондон

Двокатен автобус удри во продавница во Лондон

Двокатен автобус удри во излог на продавница во Лондон, при што се повредени неколку лица, а две се заробени во горниот кат на автобусот.

„Возачот на автобусот е пренесен во болница на југот на Лондон, а мал број од патниците добиле лекарска помош на самото место. Двајца патници останале заробени на горниот кат на автобусот, а противпожарните и спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат“, соопшти лондонската полиција.

Засега не се знае причината на несреќата, која предизвика дополнителен хаос во утринскиот сообраќаен метеж во Лондон.