Главна секција Двојно убиство во Старата скопска чаршија

Двојно убиство во Старата скопска чаршија

Полицијата ја има блокирано улицата Самуилова која поминува меѓу Калето и Старата скопска чаршија

Фото: The image was posted by Gerd Altmann on Pixabay

Две лица вечерва се убиени во престрелка во Старата чаршија од Скопје, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, во угостителски објект неколку лица пукале кон Ј.К. и Е.И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница.

Полицијата ја има блокирано улицата Самуилова која поминува меѓу Калето и Старата скопска чаршија.

Според првичните информации, пукањето во угостителскиот објект „Шиша бар“ се случило пред голем број очевидци, а од МВР засега нема официјални информации за други ранети лица. Истрагата треба да открие дали станува збор за пресметка меѓу две криминални групи.

„Неколку маскирани лица со огнено оружје пукале кон двајцата кои починале на лице место, додека повредениот е пренесен во болница за да му биде укажана лекарска помош. Фиксирани се траги на лице место, а јавниот обвинител ги издава сите потребни наредби и насоки со цел да се обезбедат докази кои ќе помогнат за расчистување на настанот и за откривање на идентитетот на сторителите“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.