Македонија Двесте професори се здружија во „Контра пленум“

Двесте професори се здружија во „Контра пленум“

Двесте професори  се потпишале на иницијатива за поддршка на државниот испит. Во неа се вели дека знаењето е основната движечка сила во секоја професија, па поради тоа цврсто се убедени дека воведувањето на државниот испит во високото образование ќе ја исполни основната и единствена цел заради која се воведува. Оттаму истакнуваат дека автономијата на универзитетот секогаш била и мора да остане тесно поврзана со начелото на јавната одговорност на универзитетите во однос на заштитата и на развојот на општеството и на државата.

„Европските трендови во однос на автономијата на универзитетите е дека таа може да биде одржлива единствено и само преку ефективните механизми на економската одржливост, која, пак, е зависна категорија од вредностите и од услугите што универзитетите му ги испорачуваат на пазарот на трудот. Предлог-моделот за воведувањето на државниот испит во високото образование не е спротивен на македонскиот устав и во ниту еден сегмент не ја повредува уставно загарантираната универзитетска автономија. Со оваа иницијатива велиме „не“ за бизнис-интересите, профитерите и манипулациите во високото образование. Велиме гласно „не“ за купените дипломи; „не“ за оценките со протекции; „не“ за нелојалната конкуренција во и меѓу факултетите и универзитетите, а големо „да“ за знаењето и за квалитетот во високото образование“, стои во писмото.