Македонија Двегодишно девојче почина откако било претепано од таткото

Двегодишно девојче почина откако било претепано од таткото

Таткото ја претепал својата ќерка на 18 декември, а по три недели борба за живот, девојчето починало во Клиничкиот центар во Скопје

Минатиот месец, татко од Кичево на триесетгодишна возраст, ја претепал својата двегодишна ќерка, а поради нанесените тешки телесни повреди, девојчето починало пред три дена во скопскиот Клинички центар, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 10 јануари во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија Ф.Д.(30) од Кичево. Тој се сомничи дека на 18 декември во семејниот дом во Кичево ѝ нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, на 8 јануари починала“, известива МВР.

Во координација со јавен обвинител, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.