Хроника Две момчиња избодени со нож во тепачка пред салата „Расадник“

Две момчиња избодени со нож во тепачка пред салата „Расадник“

Двајца скопјани, на 26-годишна возраст, рано утрово биле избодени со нож во тепачка што се случила пред спортската сала „Расадник“, во населбата Кисела Вода, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, утрово околу 3.15 часот, на улицата Народни херои, пред спортската сала се случила тепачка меѓу Б.П. (25) од една и А.К. (26), А.Ј. (26) и М.П. (26) од друга страна. Во еден момент Б.П. со нож им нанел убодни рани на А.К. и на А.Ј. во градниот кош.

Повредените момчиња биле пренесени во градската хируршка клиника „Свети Наум Охридски“, каде се задржани на понатамошно лекување. Лекарска помош побарал и Б.П., кој бил примен во Ургетниот центар, каде му е констатирана повреда на главата.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.