Хроника Двајца загинати во сообраќајни несреќи на скопските улици

Двајца загинати во сообраќајни несреќи на скопските улици

Две лица ги загубиле животите во две одделни сообраќајни несреќи што синоќа се случиле во Скопје, во населбата Железара, односно на патот од Долно кон Горно Лисиче, пренесуваат медиумите.

Во првиот случај, автомобил, марка „рено“ со скопски регистарски таблички, удрил во двајца пешаци, во населбата Железара, од кои едниот им подлегнал на повредите на пат кон болница. Другиот пешак бил префрлен во Ургентниот центар.

Во другата сообраќајна несреќа, на патот од Долно кон Горно Лисиче, животот го загубило 22- годишно момче кое управувајќи автомобил, марка „југо“, од засега непознати причини, изгубило контрола над возилото и удрило во дрво.