Свет Балкан Двајца загинати и 16 повредени во напад во Турција

Двајца загинати и 16 повредени во напад во Турција

Две лица загина, а 16 се поврдени откако бомба експлодира на паркиралиште пред владина зграда во јужниот турски град Адана.

Турскиот министер за ЕУ, Јомер Челик, преку својот твитер-профил соопшти дека експлозијата пред зградата на валијата во Адана е терористички напад.

„Ќе продолжиме со нашата борба против тероризмот во име на човештвото“, напиша Челик.

Турските медиуми јавуваат дека нападот бил извршен со автомобил бомба. Според турската државна агенција „Анадолија“, станува збор за самоубиствен напад, извршен од жена.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.