Македонија Двајца убиени при вооружен напад во село Грчец

Двајца убиени при вооружен напад во село Грчец

Две лица се убиени, а едно се наоѓа во критична состојба, по вооружен напад што се случил синоќа околу 23 часот во скопското село Грчец.

– Вчера во село Грчец било пукано во патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое имало три лица. Две лица се починати, а едно лице е со тешки телесни повреди и е преместено во градската болница „Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Од страна на СВР Скопје извршен е увид, подигнат е предметен материјал, даден е за  вештачење, известен е јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот – вели портпаролката на СВР Скопје, Лиза Бенденска.

Засега нема информации за бројот на напаѓачите, ниту за мотивите за нападот.