Македонија Двајца убиени и девет ранети во самоубиствен напад во Хама

Двајца убиени и девет ранети во самоубиствен напад во Хама

Бомбаш самоубиец уби најмалку две лица, а рани девет други во сирискиот град Хама, соопштија сириските државни медиуми.

Како што се наведува, нападот се случил на автобуска станица во југозападниот дел на градот, кога напаѓачот активирал експлозив кој го носел на појас.

Гувернерот на Хама соопшти дека во нападот се убиени две жени, а според некои извори, можеби има и повеќе жртви.