Свет Европа Двајца убиени и 20 ранети во Дамартин

Двајца убиени и 20 ранети во Дамартин

Неофицијално, две лица се убиени, а најмалку 20 се ранети во нападот на печатницата во која влегоа двајцата браќа што се осомничени дека во средата го извршија нападот на „Шарли ебдо“.

Полицијата ја опколи печатница и се обидува да ги натера осомничените да се предадат. Таа преговара со терористите бидејќи  држат неколку лица во заложништво.

Драматичната потера се одвива на 30 километри северно од Париз, во индустриската зона Дамартин.

Над местото кружат полициски хеликоптери, а во акцијата за спасување вклучени се и елитните полициски единици.

Во последните 24 часа извршени се три напади врз џамии.