Свет Европа Двајца ранети во напад во париското метро

Двајца ранети во напад во париското метро

Две лица добиле тешки рани откако биле нападнати од маж на една од станиците во подземната железница на француската престолнина Париз, пренесува „Макфакс“.

„Имаше напад, две лица добија тешки повреди. Напаѓачот е уапсен од полицијата“, изјавиле припадниците на париската полиција, кои работат на местото на нападот. Тие не прецизирале со што бил вооружен напаѓачот.

Инцидентот се случи во раните претпладневни часови, на метрото Вијерс во 17. арондисман во Париз.

Во моментов, композициите од третата линија на париското метро продолжуваат со вообичаениот возен ред, но не запираат на станицата на којашто се случи нападот. Таму сè уште работат припадниците на истражните органи.