Хроника Двајца приведени кај Удово поради шверц на илегален мигрант

Двајца приведени кај Удово поради шверц на илегален мигрант

Двајца жители на скопските села Арачиново и Брест вчера попладне биле приведени од полициска екипа на автопатот Гевгелија – Скопје, откако во нивното возило бил пронајден илегален мигрант од Авганистан, информира МВР.

Според полицијата, вчера, околу 17 часот, во близина на селото Удово, полициски службеници запреле автомобил, марка „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал 29-годишниот А.Б. од Арачиново, а како совозач бил Ќ.С. (28) од селото Брест. Третото лице што полицајците го затекнале во возилото, бил илегален мигрант од Авганистан.

Како што информираат од МВР, двајцата осомничени и мигрантот околу 17.30 часот биле приведени во полициската станица Неготино за понатамошна постапка.