Хроника Двајца прилепчани запалиле возило на ресенчанец

Двајца прилепчани запалиле возило на ресенчанец

Надворешната канцеларија за криминалистички работи на ресенската полиција поднела кривична пријава против двајца прилепчани, осомничени дека во неделата, на 2 август, запалиле автомобил на жител на Ресен, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според пријавата, прилепчаните М.С. (20) и Д.Д. (26) се товарат за кривичното дело предизвикување општа опасност.

Како што информираат од МВР, осомничените го запалиле автомобилот, марка „форд ескорт“, откако предходно го полиле со запалива течност. Тие, според полицијата, со течноста полиле уште едно возило, марка „лада нива“, сопстевност на истото лице, но не го запалиле.

По извршениот увид и преземените активности, полицијата ги идентификувала сторителите, кои биле уапсени од екипа на битолската полиција, додека со автомобил се движеле на магистралниот пат Ресен – Битола.

„По целосно документирање на настанот и обезбедени материјални докази, пријавените во целост го признале делото, по што е поднесена кривичната пријава“, стои во соопштението на МВР.

Во соопштението на МВР не се наведени мотивите за палењето на возилото.