Свет Двајца осомничени за нападот во Бангкок и се предадоа на полицијата

Двајца осомничени за нападот во Бангкок и се предадоа на полицијата

Двајцата мажи, кои се означени како осомничени за бомбашките напади во Бангкок, и се предадоа на полицијата, тврдејќи дека се туристички водичи, соопштија тајландските власти.

Безбедносните камери ги снимиле двајцата осомничени непосредно пред експлозијата во понеделникот на плоштадот Ераван.

Мажите во црвена и во бела маица станале од клупата, непосредно пред главниот осомничен со жолта маица да седне на истата клупа, а потоа зад себе да го остави ранецот.

Полицијата ги испитува двајцата осомничени.

Во нападот на хиндускиот храм во центарот на Бангкок загинаа 20 лица, а десетина се повредени. Од полицијата соопштија дека најмалку 10 лица се осомничени за вмешаност во нападот, а оти главниот осомничен е странец.

ж