Видео Двајца мажи со киселина напаѓале минувачи во Лондон

Двајца мажи со киселина напаѓале минувачи во Лондон

Две лица на украден мопед 90 минути дивееле низ Лондон и нападнале пет луѓе со киселина, пренесува „Индепендент“.

Полицијата соопшти дека напаѓачите им фрлале киселина в лице на случајните минувачи, при што еден од нападнатите е потешко повреден.

Мажите кои се возеле на мотор прво нападнале 32-годишен маж, кому по нападот му го одзеле моторот.