Хроника Двајца малолетници од Скопје и од Гостиварско пријавени за исчезнати

Двајца малолетници од Скопје и од Гостиварско пријавени за исчезнати

Триесет и двегодишна скопјанка вчера, во полициската станица Чаир, пријавила дека во саботата од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот 13-годишен син.

Утрово околу 5.40 часот во полициската станица Гостивар, Ш.А.(78) од селото Беловиште, исто така, пријавил дека вчера околу 13 часот, од дома во непознат правец се оддалечил неговиот 15-годишен внук.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на малолетниците.