Македонија Двајца жители на Велешта физички нападнале полициски службеник

Двајца жители на Велешта физички нападнале полициски службеник

Изутринава околу 11 часот, во дворот на училиштето „Зини Хани“ во струшкото село Велешта, 31-годишниот В.Ќ. и три години помладиот А.Ќ., двајцата од истото село, го нарушиле јавниот ред и мир.

– Тие, упатиле навредливи зборови, а потоа и физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија во врска со предвремените парламентарни избори. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.