Хроника Двајца крадци фатени на дело во Куманово и Штип

Двајца крадци фатени на дело во Куманово и Штип

Во 22 часот вчера, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(48) од Куманово а десет часа претходно сличен случај имало и во Штип кога е лишен од слобода С.Д.(32)

Фото: Pixabay.com

Двајца крадци вчера биле фатени на дело, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентите се случиле во Куманово и во Штип.

Во 22 часот вчера, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(48) од Куманово. Тој се сомничи дека од приватен имот на улицата „Доктор Рибар“ во Куманово одзел повеќе предмети. Ф.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Десет часа претходно сличен случај имало и во Штип. Имено, С.Д.(32) од Штип околу 12.30 часот тој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ од помошна просторија на куќа на ул.,,Железничка“ во Штип од каде одзел предмети.

Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а крадецот бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.