Uncategorized Дваесетгодишен возач прегази тинејџер

Дваесетгодишен возач прегази тинејџер

Сообраќајка кај католичка

Патничко возило „фолксваген туарег“ со скопски регистарски ознаки, вчера попладне удрило во 16-годишниот скопјанец И.Б. на раскрсницата од булеварот Метрополит Теодосиј Гологанов и улицата 9 Мај во Скопје.

Со возило на итна медицинска помош, пешакот И.Б. бил пренесен во Ургентниот ценар – Скопје, каде од страна на доктор му се констатирани тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите И.Б. бил пренесен на КАРИЛ, каде им подлегнал на повредите.

Со возило на итна медицинска помош, 20-годишниот возач Џ.М. бил пренесен во ГОБ „8 Септември“, каде од страна на доктор му бил констатиран aкутен стрес. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.