Свет Европа Дваесет и седум повредени во железничка несреќа во Швајцарија

Дваесет и седум повредени во железничка несреќа во Швајцарија

Најмалку 27 лица се повредени во судир на два воза на станица во централниот дел на Швајцарија, соопшти полицијата.

Судирот се случил на станица во планинското место Андермат, при маневар за пренасочување. Во инцидентот учествувале локомотива и композиција со пет вагони, во кои имало околу 100 патници.

Железничката компанија „Матерхорн готард“ соопшти дека властите ја истражуваат причината за несреќата.