Свет Два земјотреси во Јапонија

Два земјотреси во Јапонија

Земјотрес со прелиминарна магнитуда од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди јапонскиот остров Окинава и уште два острова на југот на Јапонија. Не е издадено предупредување од цунами.
Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека земјотресот се случил во 14.20 часот по локално време, на брегот на Окинава, 40 километри под површината на морето.

Земјотресот на југот од земјата следуваше само неколку минути откако релативно силен потрес со магнитуда од 5,5 степени го погоди северот на земјата, односно островот Хокаидо.

Засега нема информации за причинета штета, ниту за повредени во двата земјотреса, кои речиси истовремено се случиле на двата краја на Јапонскиот Архипелаг.