Македонија Два земјотреси со епицентар во Грција почувствувани на југот на Македонија

Два земјотреси со епицентар во Грција почувствувани на југот на Македонија

Два земјотреси почувствуваа граѓаните во јужните делови на Македонија, синоќа по полноќ.

Епицентарот на земјотресите се наоѓал во Грција, а Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека интензитетот на едниот од земјотресите на територијата на Македонија бил меѓу три и пет степени според Европската макросеизмичка скала.