Хроника Два автомобили зафатени од пожар откако се судриле на булеварот Словенија во...

Два автомобили зафатени од пожар откако се судриле на булеварот Словенија во Скопје

Пожар попладневно избувнал при судир на два автомобили, „бе-ем-ве“ и „хјундаи“, што се случил на булеварот Словенија во Скопје.

Сообраќајката и пожарот се случиле околу 14 часот, а во интервенцијата за гасење на огнот, која траела околу еден час, учестувале четворица пожарникари.

Од скопската Противпожарна бригада настанатата штета ја проценуваат на околу 2.000 евра.