Свет Европа Два авиони на „Рајанер“ се судриле на писта во Ирска

Два авиони на „Рајанер“ се судриле на писта во Ирска

Летовите на авиокомпанијата „Рајанер“ за Единбург и за Задар денеска доцнеа откако утринава се судрија два авиони на оваа нискобуџетна компанија, пишува „Ајриш тајмс“ на својата интернет-страница.

На фотографиите што ги снимиле патници, се гледа како врвот на крилото на еден од авионите виси, а на другиот му е оштетен стабилизаторот на опашката. Ова е втор случај за шест месеци два авиони на „Рајанер“ да се судрат на најфреквентниот ирски аеродром.

Во инцидентот немало повредени, патниците се вратени на терминал, а набргу заминале за својата дестинација во Шкотска и во Хрватска со заменски авиони.
„Рајанер“ соопшти дека авионите полека се движеле кон пистата кога се случил инцидентот. Се чини дека крилото на едниот авион се закачил за опашката на другиот. И двата авиона во тој момент ги слушале препораките на воздухопловната контрола.