Дописници Дуке Бојаџиев на 14 февруари пред битолчани

Дуке Бојаџиев на 14 февруари пред битолчани

Дуке Бојаџиев, македонски музичар кој живее и создава во Њујорк, САД, следниот месец ќе настапи пред битолчани.

Концертот е закажан за 14 февруари, со почеток во 20 часот, во големата сала на Центарот за култура.

Посетителите ќе уживаат во несекојдневен концерт на виртуозот Бојаџиев, кој ќе настапи на пијано и како вокал, а ќе го придружуваат музичарите Крсте Роџевски – вокал, Исмаил Лумановски – кларинет и Матијас Кунцли – перкусии.