Македонија ДУИ и ДР-ДПА ги објавија кандидатите за заменици-министри во Владата

ДУИ и ДР-ДПА ги објавија кандидатите за заменици-министри во Владата

ДУИ ги објави имињата на кандидатите за заменици-министри во Владата. Агим Нухиу се предлага за заменик-министер во Министерството за внатрешни работи, за заменик-министер за одбрана се предлага Беким Максути, за заменик-министер за образование – Висар Ганиу и за заменик-министер за финансии – Ширете Елези.

Имињата на кандидатите за заменици-министри на ДУИ ги објави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на својот фејсбук-профил.

Вечерва состанок одржа и Движењето за реформи на ДПА (ДР-ДПА), на кој, исто така, биле договорени кандидатите за заменици-министри.

Од оваа партија, Арта Точи е предложена за заменик-министер за надворешни работи, Мехмет Ремзи за заменик-министер во Министерството за транспорт и врски и Елми Азири за заменик-министер во Министерството за труд и социјална политика.