Македонија ДС: Граѓанската определба за НАТО и за ЕУ ќе биде валидизирана и...

ДС: Граѓанската определба за НАТО и за ЕУ ќе биде валидизирана и на локалните избори

Демократскиот сојуз денеска повтори дека спроведувањето реформи и промени е важен услов за деблокада на евроатланските процеси.

„На 15 октомври ќе се гласа и за локалната власт, но и за тоа во кој правец ќе се движи Македонија. Демократскиот сојуз смета дека национален, државен и стратешки интерес е Македонија што побргу да добие покана за полноправно членство во НАТО и да почнат разговорите за влез во ЕУ“, се вели во соопштението на партијата.

Од ДС истакнуваат дека се сигурни оти граѓанската определба за НАТО и за ЕУ ќе биде валидизирана и на локалните избори и ќе бидат избрани градоначалници кои се за промени и кои ќе работат за интересите на граѓаните.