Економија ДС бара вонредна седница на која ќе се расправа за еврообврзницата

ДС бара вонредна седница на која ќе се расправа за еврообврзницата

Демократскиот сојуз (ДС) ги повика граѓаните, граѓанските асоцијации, експертите, медиумите и политичките партии, преку демократски средства да ја блокираат реализацијата на еврообврзницата од 650 милиони евра.

– Тргнувајќи од фактот дека задолжувањето го прави влада која е техничка и која за десетина дена ќе биде сменета, како и барањето на мнозинството граѓани да не се задолжува повеќе државата, апелираме до банките потенцијални купувачи на еврообрзницата и до меѓународните финансиски институции, да не ризикуваат и да ја блокираат реализацијата на еврообврзницата, независно од моменталната примамливост за висок профит – вели Павле Трајанов од Демократски сојуз.

Трајанов ги повика пратениците од опозицијата заедно да побараат одржување вонредна седница на Собранието, на која ќе се расправа за еврообрзницата и за вкупниот долг на државата, а за што се потребни најмалку 20 пратеници.