Економија Девизните резерви во мај помали за 29 милиони евра во однос на...

Девизните резерви во мај помали за 29 милиони евра во однос на претходниот месец

Девизните резерви во мај изнесуваат 2,16 милијарди евра, што е за 29,5 милиони евра помалку отколку претходниот месец, објави Народната банка.

Најголем пад е евидентиран кај резервите во валути и во депозити, од 18,5 милиони евра.

Вредноста на монетарното злато во мај во однос на претходниот месец е намалена за 7,7 милиони евра и сега изнесува 237,9 милиони евра.

Резервите во хартии од вредност изнесуваат 1,65 милијарди евра, што е за 3,3 милиони евра помалку отколку во април.