Македонија Државниот врв денеска на традиционален божиќен ручек кај г.г. Стефан

Државниот врв денеска на традиционален божиќен ручек кај г.г. Стефан

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА), г.г. Стефан, по повод празнувањето на архиѓаконот и првомаченик Свети Стефан и трет ден Божиќ, денеска ќе приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв.

Како што е најавено, на божиќниот ручек ќе присуствуваат претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и премиерот Никола Груевски.