Свет Свет Државјаните од земјите што ги прекинаа односите со Катар, може да останат...

Државјаните од земјите што ги прекинаа односите со Катар, може да останат во таа држава

На државјаните на земјите што ги прекинаа односите со Катар, ќе им биде дозволено да останат во таа држава, јавуваат странските медиуми.

„Доха нема да преземе никакви мерки против оние граѓани што потекнуваат од државите што ги прекинаа или ги ограничија дипломатските односи со Катар“, се вели во соопштението објавено во странските медиуми.

Оваа одлука ќе влијае на повеќе од 11.000 лица кои потекнуваат од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и од Бахреин, а живеат во Катар.

Овие земји заедно со Египет ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи дека таа држава ги поддржува регионалните терористички групи.