Економија Државата се задолжи за 73 милиони евра

Државата се задолжи за 73 милиони евра

На денешната аукција на државни записи и обврзници, државата се задложи со 73,63 милиони евра.

Беа понудени хартии од вредност во износ од 94,56 милиони евра, но интересот на инвеститорите беше помал.

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, се обиде да го употреби законското право и да не се согласи со најавенoто ново задолжување на граѓаните од 100 милиони евра на домашниот пазар.

Но, Државната изборна комисија (ДИК) на вчерашната седница одлучи дека емисијата од државни хартии од вредност и од државни записи од страна на Министерството за финансии не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и на кадровски прашања поврзани со организација на изборите и даде зелено светло за задолжувањето.