Uncategorized Државата ќе ги плаќа придонесите за замената на трудниците

Државата ќе ги плаќа придонесите за замената на трудниците

На вчерашната седница, владата го усвои Предлог – законот за дополнување на Законот за вработување, кој овозможува поволност за работодавачот, односно да има можност за време додека има работник на породилно отсуство, да вработи друго лице. За тој перидот работникот кој го заменува ќе биде ослободен од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување.

Ова денеска на прес-конференција го истакнаа вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на која информираа дека мерката е дел од пректот „Македонија вработува” со кој до денес се вработени над 5.000 лица.

– За користење на оваа мерка, обврски на работодавачот е работникот за кој се користи ослободување да го распореди на истото работно место на кое работел работникот кој користи породилно отсуство, и да му се исплаќа иста нето плата. Работодавачот е обврзан по истекот на породилното отсуство на работникот и негово враќање на работа, да го задржи истиот на работа уште најмалку за истиот период за којшто бил ослободен од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување и работодавачот од приватниот сектор за да ја користи мерката не смее да има неисплатени плати, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци повеќе од два последователни месеци – информира Пешевски.