Македонија Дрво падна врз жена од силниот ветер во Скопје

Дрво падна врз жена од силниот ветер во Скопје

Несреќниот настан се случи попладнево, по невремето кое го зафати главниот град. Жената е пренесена во болница

фото: исечок од видео / Телевизија 21

Дрво падна врз жена на булеварот „Св. Климент Охридски“ во Скопје, кај зградата на поранешна „Нова Македонија“. Несреќниот настан се случи попладнево, по невремето кое го зафати главниот град. Жената е пренесена во болница, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Телевизија 21 објави видеоснимки од местото на настанот. На терен интервенирала и екипа на скопската противпожарна бригада.

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК биле добиени повеќе пријави за штети и информации за опасности за граѓаните и околината, настанати од невремето што денеска зафати дел од градот.

Од ЦУК велат дека досега добиле пријави за 16 паднати дрвја, 3 оштетени автомобили, 7 откачени бандери и е оштетени кровови.