Македонија Друштвото „Илинден“ учествува на 62. Конгрес на ФУЕН во Романија

Друштвото „Илинден“ учествува на 62. Конгрес на ФУЕН во Романија

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, од денеска до 21 мај, учествува на 62. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во Република Романија.

Организатор на конгресот е Демократскиот сојуз на Унгарците, организација која ги застапува интересите на ова малцинство во Романија.

Најавено е учество на 250 претставници на малцинствата од цела Европа.
Македонско друштво „Илинден“ од Тирана е единствено што ги претставува Македонците од дијаспората на овој собир.

– На конгресот, ќе имаме средби и ќе размениме мислења и искуства, од интерес на нашата национална кауза, со претставниците на другите малцинства, како и со истакнати политичари, експерти и носители на одлуки од европските земји – вели претседателот на Друштво „Илинден“, Никола Ѓурѓај.