Македонија Друштвото „Илинден“ ги повика Македонците во Албанија масовно да гласаат на изборите

Друштвото „Илинден“ ги повика Македонците во Албанија масовно да гласаат на изборите

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана ги повика сите Македонци во Република Албанија што се пријавени за претстојните предвремени парламентарни избори во Македонија, да го искористат избирачкото право и масовно да излезат на гласање.

Изјаснувањето ќе можат да го остварат во Амбасадата на Република Македонија во Тирана, на улица Кавајес, број 116, соопшти друштвото преку својот електронски весник на македонски јазик, „Илинден“.

Во Тирана, гласањето за предвремените парламентарни избори во Македонија ќе се одржат еден ден порано, в сабота, на 10 декември 2016 година, во времето од 7 часот наутро, па сè до затворањето на гласањето во 19 часот навечер.

Право на глас имаат сите што се пријавени за гласање во изминатиот период, а на денот на гласањето треба да понесат македонски биометриски пасош или лична карта.