Свет Европа Дрезден: Судир меѓу ултрадесничарите и полицијата кај прифатилиштето за бегалци

Дрезден: Судир меѓу ултрадесничарите и полицијата кај прифатилиштето за бегалци

Двајца полицајци се повредени во напад на приврзаниците на екстремистричката десница врз полицијата пред прифатилиштето за бегалци во близина на Дрзден, јавува агенцијата ДПА.

Втора ноќ по ред радикалните десничари фрлаат петарди, камења и шишиња врз полицијата. Претходната ноќ 31 полицаец беа повредени кога демонстрантите на ист начин се обидоа да го блокираат патот за бегалците.

Околу 600 баратели на азил треба да се вселат во некогашниот магазин во градот Хајденау.

Во саботата, под полициска заштита во прифатилиштето успеаја да влезат 120 бегалци.

Германските политичари ги осудија насилствата врз бегалците.