Свет Европа Драма во Брисел поради дојава за бомба

Драма во Брисел поради дојава за бомба

Старата зграда на сојузниот парламент во Брисел е евакуирана поради дојава дека во неа е поставена бомба.

Влезот на зградата го чува полицијата, додека специјални екипи со помош на кучиња ги пребаруваат внатрешниот дел на зградата, кој се користи за приеми и за слични церемонии затоа што парламентот редовно заседава во новата зграда.

Властите засега не соопштуваат никакви детали за тоа од каде ја добиле информацијата за бомбата, ниту до кога зградата ќе биде блокирана.