Свет Европа Драма над Лондон: Авион не може да слета, му откажале тркалата

Драма над Лондон: Авион не може да слета, му откажале тркалата

Авион на „Врџин Атлантик“ беспомошно кружи над југоистокот на Англија, откако при полетување му откажа десната страна од опремата за слетување.

Летот „ВС43“ од Лондон за Лас Вегас кружи над Лондон додека експертите се обидуваат да најдат начин како „боинг 747“ безбедно да се приземји без едно тркало.

Портпаролот на аеродромот „Гетвик“ кратко потврди дека авионот се враќал поради „мали технички проблеми“, а од „Врџин Атлантик“ наскоро треба да издадат официјално соопштение по повод кризата што се одвива на висина од 10.000 метри.

Засега нема информација колку патници има во авионот. На аеродромот се наоѓаат околу 20 возила на брза помош.