Македонија ДПА започна со кампања за референдумот

ДПА започна со кампања за референдумот

Демократската партија на Албанците викендов донесе одлука за формирање централен партиски штаб за претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември. Одлуката е донесена на седница на централното претседателство на партијата.

Според нив, евроатланските интеграции се еден од основните сегменти во програмата на ДПА и барање на Албанците, каде и да живеат.

Централното претседателство за претседател на штабот го избра генералниот секретар на партијата Имер Алиу.

„Во текот на викендот се формираа општинските и локалните штабови и официјално се започна со кампањата ЗА референдумот. ДПА ќе стартува со кампањата од денеска со одржување на собири и средби со граѓаните со цел да се зголеми поддршката за референдумот “, соопштуваат од партијата.