Македонија ДПА: Власта да го повлече предлогот за нов грб

ДПА: Власта да го повлече предлогот за нов грб

Предлогот за промена на државниот грб е целосно едноетнички симбол, обвинија денеска од ДПА.

– Наметнувањето на еден таков симбол за државен грб секако не придонесува позитивно во земја каде етничкиот состав и реалноста се различни од тоа што го прикажува грбот, предложен од страна на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ – рече на прес-конференција пратеникот на ДПА, Беким Фазлиу.

Тој од Владата побара да го повлече овој предлог од процедура и да се отвори вистински дијалог за наоѓање друго решение за државен грб.