Македонија Дождовите предизвикаа поплави во Кумановско

Дождовите предизвикаа поплави во Кумановско

Поројните дождови го зголемија новото на реките во кумановскиот регион, поради што поплавени се земјоделски површини, патна инфраструктура, подруми и неколку помошни објекти во населбата Бедиња, кај селото Доброшане, на вливот во Пчиња и на неколку куќи во населбата Бавчи.

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, денеска соопшти дека екипи од локалната самоуправа во претпладневните часови излегле на терен и направиле записник, кој наведува дека материјалната штета не е голема.

Дамјановски рече дека ќе побара поддршка од Владата доколку тоа е потребно. Попладне ќе заседава општинскиот кризен штаб.