Македонија Дождовите предизвикаа поплава во Липково

Дождовите предизвикаа поплава во Липково

Обилните дождови во текот на изминатата ноќ предизвикаа излевање на надојдените реки Слупчанка и Матејчанка во општина Липково.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, главно се поплавени ниви, а во село Опае се поплавени подрумите на три куќи.

„Реката Слупчанка во селото Опае поплави подрумски простории во три куќи и моментално таму од Општина Липково вршат испумпување. Матејчанка се излеала на обработливи површини. Наврнаа ноќеска 14,8 литри дожд на еден квадратен метар, што не е некое големо количество, но таму шумите се уништени и секако дека тоа има влијание“, велат од РЦУК.