Македонија Дождлива сабота

Дождлива сабота

Në Maqedoni mund të ketë vërshime

Саботата ќе почне со дожд, но со послаб интензитет. Во југоисточниот крај, во текот на раните утрински часови, се очекуваат нешто поинтензивни врнежи.

Во втората половина од денот, врнежите генерално ќе престануваат. Облачноста, сепак, ќе трае и во текот на вечерта.

Утрото ќе биде топло. Минималната температура ќе биде во границите од 8 Целзиусови степени до 12 степени.

Максимална температура околу 14. степен се очекува во северната половина на земјата. Во југозападниот регион максималната ќе достигне до 13 степени. Најтопло ќе биде на југоисток, каде максималната температура на воздухот ќе има вредност до 17 степени.

Во скопското подрачје се очекува слаб дожд рано наутро, со можност врнежите да продолжат и претпладне. Попладне веројатноста за дожд ќе биде сосема мала. Минималната температура ќе има вредност околу 10. степен. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне 14 Целзиусови степени.